Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Мара Бунева

Родена е во 1901 година во Тетово. Основно и прогимназиско образование добива во својот роден град а потоа завршува стопанско училиште во Скопје. Во текот на Првата светска војна, заедно со нејзиниот татко заминува за Бугарија. Таму во тоа време е и нејзиниот брат Борис и Мара останува да живее кај него. Наскоро таа се запознава со коњичкиот офицер Иван Хранков од Русе и станува негова сопруга.

Огорчена од жестокостите на српската управа, особено од физичките и морални мачења, на коишто се подложени затворените студенти во Скопје - Ѓузелов, Нецев, Андреев, Светиев, Боздов, Фукаров, Чкатров, Шопов, Гичев - Мара Бунева, активен член на ВМРО, решава да се врати во Македонија и да го казни Велимир Прелич, човекот, кој ја водел истрагата против родољубивите македонски студенти. Извесно време останува во Тетово, по што се удомува во Скопје. На 13 јануари 1928 г. во Скопје, во 12,15 часот, со три куршуми го погодува Велимир Прелич по што посега по својот живот, стрелајќи во нејзините гради, по што прави обид да се фрли во Вардар, ама не успева. Пристигнатите полицајци ја носат во болница, каде подоцна Мара Бунева умира.

Освен претрес во нејзиниот дом, полицијата прави и масовни апсења. Веднаш е затворен нејзиниот татко а исчезнува и нејзиниот брат Лазар. Српските власти го убиваат во Тетово и нејзиниот братучед Борис Андрејчин, 30-годишен адвокат. Затворени, измачувани се и сестрата на Мара Бунева, тетка й, пријателки, а исто така и други граѓани.

Се претпоставува, дека погребот на Мара Бунева бил без свештеник и опело на скопските гробишта.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik